ФУДБАЛ

Роналдо разговараше со Мендеш за неговата судбина на „Олд Трафорд“.

Кристијано Роналдо делува несреќно во редовите на Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ многу осцилираат резултатски и прашање е дали следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите затоа што ќе имаат грчевита борба за ТОП 4.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Ронладо разговарал со својот агент Жорге Мендеш за неговата иднина на Олд Трафорд.

Зимава веќе се пишуваше дека Ронладо би можел да го напушти „Олд Трафорд“, иако на почетокот се чинеше дека враќањето во Манчетсер значи крај на неговата кариера во клубот што го лансираше во светската фудбалска орбита.

Роналдо наводно е подготвен да го напушти Јунајтед доколку дојде задоволителна понуда, но големо прашање е кој клуб може да плати за Роналдо во моментов.

Како прв фаворит се споменуваше ПСЖ, но откако серијата ѕвезди беше елиминирана од Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите, можно е во наредниот период да се промени тоа.