Аргентинската ѕвезда Лионел Меси го минува најтешкиот период во кариерата.
Искусниот напаѓач дојде како големо засилување, но апсолутно сите се разочарани од неговите игри бидејќи Меси не прави никаква разлика на теренот.
Незадоволство покажаа навивачите на „светците“ од Париз претходниот викенд кога Меси и Нејмар беа исвиркани на „Паркот на принцовите“ и тоа е нешто што Аргентинецот никогаш не го доживеа додека играше за Барселона.
Сепак, тие свирежи не го потресоа еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Тој сака да ги поправи работите и одлучи да остане во Париз и следната сезона.
Од „RMC“ тврдат дека Лео веќе донел одлука следната сезона да го носи дресот на ПСЖ и ќе се обиде да ги одведе парижаните до толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите.
„Тој е роден победник и сака свирежите да ги претвори во овации во следните неколку месеци“, изјавиле извори блиски до Меси за француските медиуми.
Меси оваа сезона во дресот на ПСЖ одигра 26 натпревари во сите натпреварувања и има учинок од седум гола и 11 асистенции.