ФУДБАЛ

Чави го коментира доаѓањето на Мбапе и Халанд во Реал Мадрид: „Не гледам смисла да коментирам“

Реал Мадрид е желен да ги доведе Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд во своите редови.

Преговорите со Мбапе наводно се во завршна фаза, а со Халанд се постигнува договор за неговото доаѓање во текот на летото.

Норвешкиот напаѓач се поврзува и со Барселона, а тренерот на каталонскиот тим Чави Ернандез проговори за можното доаѓање на двајцата напаѓачи во редовите на најлутиот ривал.

Тој смета дека фудбалот е тимска игра и дека поединците не можат ништо сами да направат.

“Мбапе и Халанд во Реал Мадрид? Се уште ништо не е потпишано. Не гледам смисла да коментирам за трансфери кои не се завршени однапред”, изјави Чави и додаде:

„Во фудбалот, тимот е секогаш поважен од поединците“, рече Чави.

Реал има големи шанси да потпише со двајцата играчи и сигурно е дека со актуелниот штаб на Кралевите мадридскиот клуб би бил смртоносен во фазата на напад во наредните години.