ФУДБАЛ

Карим Бензема со објава на Инстаграм предизвика целосен хаос меѓу навивачите на Реал Мадрид

Францускиот напаѓач Карим Бензема (34) предизвика целосен хаос меѓу навивачите на Реал Мадрид поради својата објава на Инстаграм.

Додека цел свет зборува за доаѓањето на Килијан Мбапе во Мадрид, Бензема очигледно реши да ја скокотка фантазијата на навивачите на Кралевите и вечерва објави интересна фотографија.

Тој објави фотографија на која Мбапе го гушка додека влегува во соблекувалните по натпреварот со ПСЖ и ова за многумина е доказ дека Килијан е веќе ’готово’.

Шпанските медиуми тврдат дека Мбапе до крајот на неделата ќе потпише за Реал Мадрид и дека се ќе се официјализира.