ФУДБАЛ

Перез мора да се разбуди: Лука Модриќ веќе добил две понуди

Лука Модриќ повторно ја воодушеви фудбалската јавност со својата игра против Челзи.

Реал Мадрид успеа да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, а секако еден од најзаслужните за преминот беше Лука Модриќ

Имено, Реал губеше со 3-0 по 80 минути од натпреварот и беше на прагот на испаѓање, а потоа Модриќ одлично асистираше за Родриго кој постигна гол за 3:1 и ја одведе играта во продолженија.

 

Модиќ со своето неверојатно додавање го воодушеви фудбалскиот свет и покажа дека се уште е во одлична форма иако веќе има 36 години.

 

Познато е дека Модриќ има договор со Реал до крајот на оваа сезона и дека се уште не ја продолжил соработката. Иако во шпанските медиуми се пишува дека Модриќ ќе добие нов договор, се уште ништо конкретно не се случило.

 

Мадридски АС денеска објави дека некои клубови будно ја следат ситуацијата околу Модриќ и дека хрватскиот репрезентативец веќе има две понуди да ја продолжи кариерата доколку не се договори со Кралевите.

Наводно Модриќ добил понуда од Јувентус да потпише за овој клуб, а има богата понуда и од клуб од Катар.

 

Сепак, јасно е дека желбата на Модриќ е да остане во Реал Мадрид барем уште една сезона, но што ќе се случи на крајот сигурно наскоро ќе дознаеме.