Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг е се посилен со Манчестер Јунајтед, но нема дилема каде ќе игра следната сезона.
Де Јонг (24) важи за најголема желба на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, кој сака да го доведе својот сонародник на Олд Трафорд и повторно да соработува откако претходно успешно работеа во Ајакс.
Финансиските проблеми на Барселона ја принудуваат да продаде некои клучни играчи, а еден од нив е Де Јонг, иако играчот нема намера да го напушти Камп Ноу.
„Попрво би останал во Барселона. Тоа е клубот од моите соништа во кој сакав да играм уште од дете. Никогаш не зажалив што отидов во Барса, иако не ги освоивме трофеите на кои се надевавме, но не жалам за тоа“, изјави играчот за ESPN, додавајќи:
“Во моментов нема договор, ниту разговори со друг клуб или ништо. За мене не е прашање каде ќе играм. Ако нешто се случи, не сум свесен за тоа”.