Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо побарал од управата на клубот да му дозволи трансфер доколку добие атрактивна понуда, а според „Ас“ не е исклучено искусниот фудбалер да се врати во Шпанија.
Португалскиот репрезентативец би можел, според „Ас“, да продолжи како касиер ни помалку ни повеќе отколку во Барселона.
Имено, менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш се сретнал со претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорте и разговарале за можниот трансфер на играчот.
Барселона, додава истиот извор, минатото лето покажала интерес за Роналдо, но поради тешката финансиска ситуација се откажала од таа идеја.
⚠️ Pregunta al madridismo: ¿Cómo se ve la posible llegada de Cristiano al Barça? pic.twitter.com/40dGvZacjy
— Diario AS (@diarioas) July 4, 2022
Триесет и седумгодишниот Роналдо минатата сезона одигра 38 натпревари за „црвените ѓаволи“ и постигна 24 гола. Јунајтед го заврши англискиот шампионат на шестата позиција.
Во исто време, Мендеш ги застапува интересите на играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, кој наводно сака да се пресели на Камп Ноу.
Во понеделникот Каталонците ги претставија првите засилувања – Франк Кеси и Андреас Кристенсен.