ФУДБАЛ

Касемиро на половина од интервјуто им се извини на навивачите на Манчестер Јунајтед: „Ветувам дека ќе научам…“

Бразилскиот фудбалер Касемиро пред неколку дена и официјално беше претставен како ново засилување на Манчестер Јунајтед.

Касемиро доста ја изненади фудбалската јавност што летово го напушти Реал Мадрид, каде играше фантастично неколку години и беше редовен во првиот состав на кралскиот клуб.

Сепак, 30-годишникот дозна дека е време за нов предизвик во кариерата откако успеа да освои се што можеше да се освои со Реал.

Касемиро одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на Манчестер Јунајтед кој за неговото доаѓање издвои дури 80 милиони евра, а јасно е дека се очекува многу од бразилскиот играч за врска на „Олд Трафорд“.

Бразилецот во понеделникот го следеше натпреварот помеѓу Јунајтед и Ливерпул на кој неговиот нов тим победи со 2:1 и беше сведок на одличната атмосфера што ја пружи Театарот на соништата.

Касемиро го даде и првото интервју по доаѓањето во Манчестер Јунајтед, а тоа беше за официјалниот сајт. Интервјуто го дал на шпански, но ги изненадил сите бидејќи постојано се извинувал што не зборувал на англиски.

Тешко му беше што се уште не го владее доволно англискиот јазик за да може да зборува пред камери, но на фановите им вети дека тоа ќе го реши што е можно поскоро.

„Мојата сопруга зборува англиски, имаме седумгодишна ќерка и син кои штотуку наполнија една година и тие зборуваат англиски подобро од мене“, се пошегувал Касемиро и додал.

“Навистина ми е жал што не зборувам англиски, им се извинувам на сите фанови на Манчестер Јунајтед за тоа. Сепак, веќе земав лекции и сакам што побрзо да го совладам. Сакам да научам за англиската култура а првата цел е да го совладам јазикот за да можам да комуницирам со тренерите и соиграчите“.

„На овој начин сакам да им покажам дека сум максимално фокусиран на клубот и дека ја почитувам традицијата и културата овде. Ветувам дека следното интервју ќе биде на англиски јазик. Уште еднаш се извинувам што треба да го направиме интервјуто на шпански.”