ФУДБАЛ

Струга фуриозно ја започна сезоната со максималенефект пет од пет

Фудбалерите на Струга продолжија со максимален ефект во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) откако попладнево на домашен терен со (2-1 ) го совладаа Силекс во рамки на петтото првенствено коло.

Петтиот триумф на стружани им го донесоа Ибраими (31 минута, пенал) и Шабани (82), додека стрелец за Силекс беше Ристовски (72).

Академија Пандев пред своите гледачи забележа убедлив триумф над Скопје (3-0), Шкендија оствари гостински победа над Тиквеш (3-1), додека без победник завршија дуелите меѓу Шкупи – Победа (1-1) и Македонија ЃП – Работнички (1-1).

Струга води на табелата со 15 бодови, пред Шкендија (10) и Силекс (8).

ПОВРЗАНО

ШкендијаРаботничкиАкадемија ПандевСилексТиквешШкупиСтругаГоран Пандев