ФУДБАЛ

Мајорка поведе во Мадрид, па ја виде моќта на Реал

Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Мајорка со 4:1 во натпреварот од петтото коло на шпанската Ла Лига.

Реал е во одлична форма, а во Ла Лига е на максимален сооднос од пет победи во исто толку одиграни натпревари.

Мајорка пристигна во Мадрид со намера да се натпреварува и навистина покажа дека има квалитет, но Реал е Реал и повторно ја покажа својата сила и по пресврт на крајот победи со 4:1.

До 35. минута мрежите мируваат, а потоа Ведат Муриќи со глава го погодува центаршутот од прекин за 0:1. Тој гол не ја наруши премногу играта на Реал, а домашните израмнија на крајот од првото полувреме.

По големиот пробив, Федерико Валверде со одличен удар ја затресе мрежата на Мајорка за 1:1, за подоцна Реал да направи пресврт.

Најпрво Карло Анчелоти во игра ги внесе Модриќ, Камавинга и Карвахал, кои секако доминираа во продолжението на натпреварот, а Винисиус Жуниор во 73. минута постигна гол на асистенција на Родриго за 2:1.

Во 89. минута Реал Мадрид ја заврши работата, а овојпат стрелец беше брилијантниот Родриго. Во судиското надополнување гол постигна и Рудигер, за конечни 4:1.

Реал на тој начин се врати на врвот на табелата со 15 бодови и ја продолжува борбата за одбрана на титулата, иако очигледно ќе има многу потешка работа сезонава, со оглед на евидентниот квалитет на Барселона, која исто така се истакнува во новата сезона.

Тимот на Карло Анчелоти во среда навечер го пречекува Лајпциг во второто коло од Ла Лига. Во првото коло Мадрид го победи Селтик на гостински терен со 3:0. Лајпциг неочекувано загуби од Шахтјор на домашен терен.

ПОВРЗАНО

Ла Лига