ФУДБАЛ

Кунде сакаше да оди во Челзи, еден е виновен што не отиде таму

Барселона заврши одлична работа на пазарот ова лето.

Едно од големите засилувања што го доведоа „блауграната“ беше дефанзивецот Жил Кунде кој пристигна од Севиља.

За неговите услуги беше заинтересиран и Челзи, а странските медиуми сега откриваат дека самиот играч повеќе бил заинтересиран да замине во Англија.

Веќе беше познато дека најголемо влијание врз неговата одлука имаше Чави Ернандез, кој лично разговараше со него и го убеди да потпише за каталонскиот тим.

Колку и да Чави го убеди Кунде да се пресели во Барселона, Тухел не успеа во тоа кога е Челзи во прашање, па германскиот тренер е етикетиран како главен виновник што Жил денеска не носи син дрес.

„Бев заинтересиран да бидам дел од овој нов бран, да освојувам трофеи и да ја вратам Барселона онаму каде што отсекогаш била, меѓу најдобрите клубови.

Потоа дојде комуникацијата со тренерот. Посебно разговаравме за фудбалот. Чувствував вистинска доверба од него, тој навистина ме познаваше многу добро, ја знаеше мојата игра и моите квалитети.

Разговарав со Тухел и почувствував дека и тој ме сака, но едноставно повеќе ми се допадна говорот на Чави“, изјави Кунде, пренесува L’Equipe.

Недолго потоа, Тухел доби отказ по лошиот старт на сезоната, а се кулминираше со пораз во Загреб од Динамо во првото коло од Лигата на шампионите.

Сепак, има добри вести за него, а по следниот одмор би можел да ја добие работата од соништата.