ФУДБАЛ

Првиот црвен по 10 години, па тешка казна за Левандовски!

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски го заработи првиот црвен картон по 10 години во последното коло од Примера дивизион пред паузата за Светското првенство меѓу Осасуна и неговата Барселона.

Левандовски ќе пропушти три од следните првенствени натпревари на Барса поради суспензијата по продолжувањето на сезоната по Светското првенство.

Така, тимот на Чави ќе остане без помошта на еден од своите најдобри играчи на средбите со Еспањол, Атлетико Мадрид и Бетис.

Шпанската Примера продолжува на 31 декември кога Барса го пречекува Еспањол на Камп Ноу.