Офанзивниот играч за врска на Манчестер Сити и Англија , Џек Гралиш раскажа како биле пречекани во Катар. Ѕвездата била изненадена и исплашена од камила која била дел од пречекот на Британците.
“На сите ни дадоа цвеќиња. Имаше камила, се качив на нејзиниот грб, а имаше и птица – не знам што беше. Камилата стана целосно, беше толку високо што се исплашив. Се качив на неа, но не мислев дека ќе биде толку висока, немав поим колку ќе биде голема, но беше многу голема“, изјави фудбалерот, цитиран од talkSPORT.
„Во нашите соби насекаде има рамки со слики од нашите семејства и тоа ги прави попријатни. Мислам дека нашите семејства пополнија прашалници и од нив беше побарано да испратат слики и други работи. Вечерта стигнавме во нашите соби и таму ги имаше сите овие мали нешта кои прават да се чувствувате како дома. Таквите работи се убави. Работите кои се толку мали, но значат многу“, додаде англискиот репрезентативец.
Англија со натпреварот против Иран го започнува учеството на Светското првенство во Катар. Средбата е на 21 ноември во 15:00 часот.
https://twitter.com/NorthernCrank/status/1593907863017005056?