Инциденти се забележани и во Лион, Бордо, Ница и Безие.
Вкупно 227 лица се уапсени во Франција, од кои 47 во Париз и неговата метрополитенска област за време на судирите по финалето на Светското првенство во кое Аргентина ја совлада Франција, соопшти МВР.
#Paris #France police vs locals
TearGas was used as well pic.twitter.com/ajDTSmIa8J— Arthur Morgan (@ArthurM40330824) December 19, 2022
14.000 полицајци и припадници на полицијата, беа распоредени низ целата земја, од кои 2.750 во Париз, за да ги ограничат инцидентите што се случија по четвртфиналниот натпревар против Англија и полуфиналето против Мароко.
На Шанзелизе, насобраните навивачи фрлале шишиња и пиротехнички средства кон полицијата, додека полицијата употребила солзавец, јавуваат новинарите на Франс прес.