Спортскиот директор на Лајпциг, Макс Еберл, на хумористичен начин прокоментира како реагира на понудите кои пристигнуваат за нивниот фудбалер Јошко Гвардиол по Светското првенство.
Хрватската репрезентација одигра брилијантно на неодамна завршеното Светско првенство, а медиумите пишуваат дека германскиот клуб од неговата продажба би можел да заработи 100 милиони евра.
Сепак, спортскиот директор на клубот Макс Еберл даде интересен одговор на новинарско прашање дали добил понуди за Гвардиол по електронска пошта.
„Сите одат на спам. Гвардиол, понуда, директен спам. Така што сè уште не сум добил никаков мејл“, се пошегува Еберл.
Гвардиол има договор со Лајпциг до 2026 година, но прашање е до кога бундеслигашот ќе одолее на богатите понуди од клубови како Челзи и Реал Мадрид, кои наводно се заинтересирани за него.