ФУДБАЛ

Барселона бесплатно го зема „моторот“ на Сити?

Капитенот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган (32) е во преговори со Барселона.

 

Договорот на германскиот играч за врска со англискиот шампион истекува на крајот на јуни и тој се уште не го продолжил.

 

Новинарот близок до Барселона, Жерар Ромеро, објави дека менаџерот на Гундоган се сретнал со претставници на Барселона и дека преговорите започнале. Директорот на Барселона Алемани зборуваше за овој настан и рече дека менаџерот и вујко на Гундоган го застапуваат и стоперот на Барса Кристенсен и дека тоа е причината за неговата посета и дека зборувале за неговите одлични игри откако пристигнал на Ноу Камп, но малку луѓе му поверувал дека не се зборува за германскиот репрезентативец.

 

Барселона дефинитивно сака да ја искористи ситуацијата и бесплатно да го донесе еден од најдобрите европски играчи за врска во последните години.

 

Гундоган е во Сити од 2016 година, кога дојде од Борусија Дортмунд. Тој е еден од најважните играчи во системот на Пеп Гвардиола, му е омилена и продолжена рака на теренот и останува да видиме дали Сити ќе реагира и ќе му понуди нов договор.

 

Во својата кариера беше член и на германските клубови Хеслер, Шалке, Буер, Бохум и Нирнберг, а од 2011 година за германската репрезентација одигра 66 натпревари и постигна 17 голови.

 

Според Трансфермаркт, тој вреди 25.000.000 евра.