Француските и германските медиуми ја пренесоа сензационалната вест дека Томас Тухел и ПСЖ би можеле повторно да соработуваат.
Германецот е слободен тренер од септември минатата година, кога челниците на Челзи му врачија ненадеен отказ и го доведоа Потер. Самиот Тухел не очекуваше ваков редослед на настани, но ова е светот во кој работи.
Како и да е, 49-годишниот се уште е баран, а покрај Париз, Тухел го поврзуваат и со Баерн!
„Л’Екип“ објави дека Тухел би сакал да го води Баерн, иако најпрво го запаметивме по тоа што раководеше со нивните ривали Борусија Дортмунд. Покрај Баерн и ПСЖ, Германецот е и на списокот на Реал Мадрид доколку Анчелоти си замине на крајот од сезоната, што е тешко да се очекува. Ниту Баерн ниту ПСЖ не играат според очекувањата. Очекувана беше доминацијата на споменатите клубови во нивните првенства, но малку по малку забележаа пораз.
Баерн во последното коло беше поразен од Менхенгладбах, па Баварците сега ја делат првата позиција со Борусија и Унион Берлин (со кого играат следниот викенд). Од друга страна, ПСЖ има „само“ пет бода пред второпласираниот Марсеј, а големиот класик меѓу овие два тима исто така ќе се игра следниот викенд. Сепак, за верување е дека судбината на Нагелсман и Галтие ќе ја реши меѓусебниот дуел во Лигата на шампионите.
Да потсетиме, Баерн го доби првиот натпревар со 1:0, но се останува отворено. Се шпекулира дека оној што ќе испадне од осминафиналето ќе биде на чекор до отказ и ослободување на местото што сака да го преземе Тухел. Повеќе ќе знаеме на 8 март кога се игра реваншот.
