ФУДБАЛ

Сабицер не сака да се врати во Минхен

Марсел Сабицер веќе го освои првиот трофеј со Манчестер Јунајтед и со задоволство би останал во Англија.

Тој пристигна во Манчестер на позајмица од Баерн Минхен во последниот ден од зимскиот преоден рок, откако се повреди Кристијан Ериксен.

Сабицер брзо се прилагоди на новата средина, иако не е сосема стандарден, но свесен е дека му треба период на адаптација на англискиот фудбал.

Тој би сакал да остане во Манчестер, поточно би сакал Јунајтед да го откупи неговиот договор од Баерн Минхен, каде што не игра од почетокот на оваа сезона.

Јулијан Нагелсман сега го промени системот, а недопирливи се Џошуа Кимих и Леон Горецка, па нема да имаат значајна минутажа во Баерн.

Баерн го донесе Сабицер за само 15 милиони евра од РБ Лајпциг и може да направи убава заработка при неговото заминување.