Синоќа Џулијан Нагелсман доби отказ од Баерн Минхен. Денеска веќе се појавија информации за неговото следно работно место.
Како што е веќе познато, Томас Тухел на клупата на Баварците ќе го наследи Нагелсман, кој го напушти Баерн во четврт-финалето на Лигата на шампионите и на второто место во Бундес лигата со бод помалку од најголемиот ривал Борусија Дортмунд.
Нагелсман сигурно брзо ќе најде нова работа, веројатно од стартот на следната сезона, а шпански „Релево“ ексклузивно пренесува дека Германецот би можел да го наследи легендарниот Карло Анчелоти и да стане тренер на европскиот шампион Реал од Мадрид.
Со месеци се шпекулира дека ова е последна сезона за Анчелоти во Реал, медиумите и некои претставници на Бразил, искусниот Италијанец се сели на клупата на „селеса“, додека местото шеф на „кралскиот“ клуб би останало празно.
Токму тоа би можел да го искористи Нагелсман и да седне на клупата на шпанскиот великан. Наводно, младиот Германец му паднал во очи на претседателот на Реал, Флорентино Перез, а самиот тренер изјавил дека преговарал со Мадрид уште во 2018 година, но тогаш не бил постигнат договор.
Покрај Реал Мадрид, уште неколку сериозни европски клубови наводно размислуваат за Нагелсман, пред се лондонските ривали Челзи и Тотенхем и францускиот Пари Сен Жермен.
