ФУДБАЛ

Тебас негира дека дал лажни докази против Барса

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, наводно, дал лажни докази на обвинителството во случајот против Барселона, неговиот поранешен претседател Жозеп Бартомеу и Сандро Росел во случајот Негредо.

Актуелниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, го обвини првиот човек на Ла Лига дека е опседнат со Барселона и намерно ја попречува работата на клубот кога станува збор за купување и регистрација на играчи.

Сега шпанските медиуми пишуваат дека Тебас дал лажни докази на обвинителството со тоа што му доставил рачно напишан документ потпишан од поранешниот директор на Барселона, Хосеп Контрерас.

Сепак, семејството на Контрерас тврди дека документот нема никаква врска со случајот Негредо и дека во него не се спомнати ниту Бартомеу, ниту Лапорта.

Тебас, наводно, го доставил документот до обвинителството на 22 февруари со лажно тврдење дека се однесува на Бартомеу и Лапорта. Семејството на Контрерас тврди дека документот е создаден одамна, дека единствените имиња наведени во него се имињата на адвокатот на Контрерас, Емилио Романо, неговиот соработник Рамон Росел и вработениот во Банката на Каталонија, Хосеп Марија.

Се разбира, Тебас веднаш ги демантираше наводите на Твитер:

„Тоа е лага, ние не обвинуваме никого. Оваа вест не покажува што пишува во документот ниту пак прикажуваат обвинувања против некого“, напиша Тебас.

ПОВРЗАНО

Ла Лига