ТАЈМАУТ

Судењето за Лука Модриќ поради лажно сведочење се префрла во Загреб

Врховниот суд одлучи делото со кое Лука Модриќ се товари за лажно сведочење денеска да го раздвои и пренесе во Загреб.

Префрлувањето на делото во Загреб беше на барање на одбраната на Лука Модриќ.

За потсетување, против Лука Модриќ е покрената тужба за лажно сведочење на судењето на поранешниот член на Динамо, Здравко Мамиќ за вадење на средства од клубот.