ФУДБАЛ

Уште еден јасен знак дека Верати постигна договор

Марко Верати дефинитивно се договорил за трансферот, бидејќи и денеска не беше во тимот на Париз.

Со денови се шпекулира дека Верати ги договорил условите со Ал Хилал, но дека ПСЖ не се согласува на понудата од 30 милиони евра.

Италијанецот побара да си замине и клубовите да се договорат, што се очекува во наредните недели.

Верати денеска неочекувано остана на клупата, не влезе во вториот дел и сега чека Ал Хилал да ја зголеми својата понуда.

Некои извори пишуваат дека ПСЖ би се согласил да го продаде, но за најмалку 60 милиони евра.

Се шпекулираше дека и Диего Симеоне го сака Верати, но Атлетико не може да им парира на Арапите.