ФУДБАЛ

Реал демантира на социјалните мрежи

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ја демантираше веста објавена на социјалните мрежи.

Во една прилика, легендарниот Сер Алекс Фергусон убаво кажа: „Да постоеја социјалните мрежи во мое време, Манчестер Јунајтед ќе ме избркаше после една година“.

За среќа на Фергусон, уште повеќе на Јунајтед, тогаш водечките луѓе не беа под толкав притисок од јавноста. Фергусон со години не успеа да освои ниту еден трофеј, Јунајтед ја заврши лигата со него на 13. место, но клубот беше трпелив… И кога се освои првата титула, почна лавина успеси. Фергусон стана тренер со најмногу трофеи, а Јунајтед под негово водство дури 13 пати беше шампион на Англија…

Секако, ова нема никаква врска ниту со Реал Мадрид, ниту со, било кој друг клуб, но клубовите се повеќе го чувствуваат притисокот и потребата да ја демантираат веста во стил на „гласини“, иако тие кружат на социјалните мрежи каде секој може да пишува што сака.…

Во ова светло следува соопштението на Реал Мадрид:

„Соочени со гласините кои се појавија на некои социјални мрежи во кои се наведува дека претседателот Флорентино Перез наводно размислува да ја напушти функцијата претседател на клубот, Реал Мадрид сака да го соопшти следново: – Дека овие гласини се целосно лажни и
дека тие се покоруваат на некои интереси кои немаат врска со реалноста.

И дека на следното Генерално собрание на репрезентативните партнери на Реал Мадрид нема да има точка на дневниот ред за дискусија за името Сиудад Реал Мадрид“.

Потпишано од Реал Мадрид ЦФ.