Играчот од средниот ред на Селта, Габри Вејга (21) е на пат да се пресели во Саудиска Арабија, во Ал-Ахли, а незадоволството од овој трансфер не го криеше и германскиот фудбалер Тони Крос.
Клубовите од Саудиска Арабија не штедат пари за да донесат фудбалери главно од европските клубови. Досега тоа беа претежно етаблирани играчи, на залезот на кариерата, што не е случај со Габриел Вејга кој има само 21 година.
Веста за неговиот трансфер особено го изнервира Тони Крос, кој ја прокоментира со еден збор:
„Срамота“.
Иако се шпекулираше дека би можел да замине во Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ или Ливерпул откако го освои среброто со Шпанија на Европското првенство за играчи до 21 година, најважно за него во моментов е да се обезбеди финансиски, додека се друго кажано е во втор план.
