ФУДБАЛ

Клоп: Важно е да се знаат фактите, Салах е вистински лидер

Фото: LIVERPOOL, ENGLAND - NOVEMBER 20: Mohamed Salah embraces Juergen Klopp, Manager of Liverpool after their sides victory in the Premier League match between Liverpool and Arsenal at Anfield on November 20, 2021 in Liverpool, England. (Photo by Clive Brunskill/Getty Images)

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека е задоволен од начинот на кој Мохамед Салах пристапува кон своите обврски. Тој, исто така, истакна дека нема сугестија дека Египќанецот е несреќен или сака да го напушти „Енфилд“ откако „црвените“ во петокот одбија профитабилна понуда од Саудиска Арабија.

Ал-Итихад испрати официјална понуда за 31-годишниот „тежок“ 150 милиони фунти, а според добро упатените медиуми се подготвени да понудат и до 200 милиони за да го убедат Ливерпул да се откаже од крилниот напаѓач.

„Мо е многу посветен, тренира како и обично. На средбите тој особено се истакна со своите лидерски способности. Мора да се справиме со фактите, а еден од нив е дека сум задоволен од неговите напори и дека се е во ред што се однесува до неговиот статус во клубот“, изјави Клоп.

Салах минатото лето потпиша нов договор со „црвените“, кои немаат намера да се откажат од Египјанецот. Челниците на Ливерпул не сакаат да го продадат 31-годишниот фудбалер под никакви услови, но Sky Sports тврди дека подобрена понуда сепак би можела да го промени ставот на одговорните членови на управата.

Преодниот рок за играчите од Премиер лигата завршува во петок, додека саудиските клубови можат да купуваат до 7 септември. Ал-Итихад е подготвен да му плати на Салах 1,5 милиони за да го засили клубот. Неодамнешниот соиграч на Салах, Фабињо, Карим Бензема, Јота и Енголо Канте веќе се одлучија на тој потег во тековниот преоден рок.

Салах одигра 308 натпревари во дресот на Ливерпул, постигна 187 голови и забележа 81 асистенција. На „Енфилд“ пристигна во 2017 година, а претходно играше за Рома, Челзи, Фиорентина и Базел.

Момците на Клоп освоија седум бода во првите три првенствени натпревари и ја заземаат четвртата позиција на табелата.

Следниот натпревар Ливерпул го игра против Астон Вила – тимот на Унаи Емери гостува на Енфилд во недела од 15 часот.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига