Боксерскиот тренер на Самоа, Лионел Елика Фатупаито (60) почина од срцев удар во Олимпиското село, соопшти Олимпискиот комитет на Самоа (САСНОЦ).
„Лионел беше еден од најдобрите боксерски тренери на Самоа и голем верник во олимпискиот идеал. Нашите мисли и мислите на целата спортска заедница на Самоа се со семејството на Лионел, неговите боксери и пријателите. Тој многу ќе му недостига“, изјави претседателот на Олимпискиот комитет на Самоа, Талелеј Пауга.
