ФУДБАЛ

Алегри на клупата на Милан за 5 милиони евра годишно?!

Италијанскиот фудбалски стручњак Масимилијано Алегри, би можел да го преземе Милан, тврди новинарот Николо Шира.

Според Шира, договорот со 57-годишниот Италијанец ќе трае до летото 2028 година, а платата на тренерот ќе биде пет милиони евра годишно.

Алегри е без работа од мај 2024. Последен клуб му беше Јувентус, а претходно од 2010 до 2014 година беше тренер на Милан.

Во сезоната 2024/25 во Серија А, Милан не успеа да се избори за место кое следната сезона ќе му овозможи учество во евро-куповите.

ПОВРЗАНО

Серија А