ФУДБАЛ

Алиоски замина од Саудиска Арабија, има нов клуб!

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ја заврши својата авантура во Саудиска Арабија. Се врати на европскиот контитент, ќе игра во Швајцарија, за тимот на Лугано. Трансферот го потврди швајцарскиот тим и веќе го промовираше во ново засилување.

Алиоски потпиша двегодишен договор со важност до 30 јуни 2027 година, со опција да остане во клубот и по истекот на договорните услови. За 33-годишниот лев бек, ова е  враќање во Лугано, каде што веќе го носеше црно-белиот дрес во сезоните 2015/16 (18 настапи и 3 гола) и 2016/17, сезоната која ја заврши со 36 натпревари, 16 гола и 14 асистенции. Статистика која му донесе трансфер во Лидс Јунајтед.

ПОВРЗАНО

Езѓан Алиоски