Натпреварувањето во Групата А на Светското клупско првенство заврши, а американскиот Интер Мајами и бразилскиот Палмеирас го обезбедија своето место во осминафиналето од оваа група. Интер и Палмеирас се сретнаа во последното коло и одиграа 2:2, па бразилскиот тим го освои првото место, а американскиот тим второто место во групата. Палмеирас стигна до бодот вреден прво место и дуел со Ботафого во осминафиналето на самиот крај од натпреварот, поточно, во 80-тата и 87-мата минута. Интер водеше со 2:0 со головите на Аљенде и Суарез, а Палмеирас стигна до бодот со головите на Паулињо и Маурисио. Со овој резултат, Интер го освои второто место и ќе игра против ПСЖ во осминафиналето.
Португалскиот Порто одигра 4:4 со египетскиот Ал-Ахли, и двата тима го завршија учеството на Светското клупско првенство.
