Почна собирот на македонската фудбалска репрезентација. Во „базата“ во хотелот „Хилтон“ почнаа да пристигнуваат репрезентативците, меѓу нив Барди, Трајковски, Муслиу, Костадинов, како и дебитантот Елмин Растодер од швајцарски Тун.
Македонија прво ќе одигра контролен натпревар против Саудиска Арабија (4. септември, стадион „Викторија Жишков“, Прага), а потоа против Лихтенштајн (7. септември, Национална арена „Тодор Проески“) квалификации за Светско првенство 2026.
