ФУДБАЛ

Динамо Загреб прави фантастичен дил, доаѓа фудбалер на Милан

Исмаел Бенасер, играч од средниот ред на Милан, ќе го засили загребски Динамо. Хрватскиот тим ја потврди веста дека фудбалерот на „Росонерите“ доаѓа на едногодишна позајмица со можност за откуп на договорот. Секако овој трансфер е изненадување, но за Динамо Загреб, Бенасер ќе биде огромно засилување.

27-годишниот играч од средниот ред веќе шест години е член на „Росонерите“.Во дресот на Милан има 137 настапи. Освен за Милан, Бенасер играше за Емполи и Марсеј, а кусо беше дел и од Арсенал. За селекцијата на Алжир има 51 настапи и 3 голови.