Вечерва нови возбудувања во ЛШ. Ако синоќа немаше поголеми изненадувања, освен поразот на Ливерпул во Истанбул од Галатасарај, кое и не е некоја сензација, вечерва можеме да очекуваме нови добри пресметки. Дербито секако е Барселона-ПСЖ. Луис Енрике се враќа со тимот од Париз како актуелен освојувач на ЛШ, на местото каде што може да се каже се прослави.
На последните пет меча помеѓу овие две екипи секогаш имало голови и тоа повеќе од два. Само еден меч завршил 1:1 во последните пет, а на останатите имало вистински голеади. На пример, на последната пресметка ПСЖ победи како гостин со 1:4, претходно во Париз мечот заврши 3:2 во корист на домаќините. Идентичен резултат имаше и во 2021 кога ПСЖ како гостин славеше со 1:4, а во 2017-та Барса на домашен терен славеше со 6:1.
Еве ги паровите за вечерва:
КАРАБАХ – КОПЕНХАГЕН 18:45ч
РОЈАЛ УНИОН – ЊУКАСЛ
АРСЕНАЛ – ОЛИМПИЈАКОС 21:00Ч
БАРСЕЛОНА – ПСЖ
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – ПСВ
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – АТЛЕТИК БИЛБАО
МОНАКО – МАНЧЕСТЕР СИТИ
НАПОЛИ – СПОРТИНГ ЛИСАБОН
ВИЉАРЕАЛ – ЈУВЕНТУС
