ФУДБАЛ

Виктор Осимен се налути на соиграчите затоа што не му ја додаваа топката, па повеќе не сакаше да игра со нив (ВИДЕО)

За време на натпреварот меѓу Нигерија и Мозамбик дојде до тензии на теренот, а во центарот на вниманието се најде најдобриот нигериски фудбалер Виктор Осимен.
Напаѓачот на Нигерија беше видно незадоволен од реакциите и играта на своите соиграчи, кои во еден момент не сакаа да му ја додадат топката, поради што во еден миг одби да го продолжи натпреварот.

Осимен јасно ја покажа својата фрустрација, а ситуацијата се смири дури откако селекторот одлучи да направи измена и да го извади од игра.

По завршувањето на натпреварот, ѕвездата на Нигерија не се задржа на теренот и без поздрав директно се упати кон соблекувалната.

Неговото однесување предизвика бројни реакции во јавноста и медиумите, а останува да се види дали Сојузот или стручниот штаб ќе реагираат во врска со овој инцидент.