ФУДБАЛ

Барди подобар од Роналдо во популарната видео игра „ФИФА 19“

На популарната видео игра „ФИФА 19“ која што треба да биде официјално промовирана за неколку дена, македонскиот репрезентативец Енис Барди е подобар од Кристијано Роналдо во изведување на слободни удари.

Барди се најде на петтата позиција на најдобри изведувачи на прекини, после Меси, Чалханоглу, Џовинко и Пјаниќ.

Интересно е што Роналдо не е меѓу првите 10, иако има постигнато доста голови од слободни удари низ својата кариера.

НАЈДОБРИТЕ 10 ИЗВЕДУВАЧИ НА СЛОБОДНИ УДАРИ ВО „ФИФА 19“

  1. Меси (Барселона)
  2. Чалханоглу (Милан)
  3. Џовинко (Торонто)
  4. Пјаниќ (Јувентус)
  5. Барди (Леванте)
  6. Парехо (Валенсија)
  7. Платенхард (Херта)
  8. Депај (Лион)
  9. Дибала (Јувентус)
  10. Накамура (Џубило Ивата)

Извор: ТВ21

ПОВРЗАНО

Енис Барди