Несогласувањата на релација менаџер – играчи продолжува. Не е само Пол Погба кој го искажал незадоволството од својот тренер Жозе Мурињо во Јунајтед.
Претходно тоа го сторил и Маркус Рашфорд, кој бил заменет на натпреварот од Лигата на шампионите против Јанг Бојс. Одамна е познато дека и Антоан Мартиал не се поднесува многу со Португалецот.
„Никој нема да биде над клубот“, истакнал Мурињо на новинарско прашање за Пол Погба, кому пред неколку дена му соопштил дека повеќе никогаш нема да биде капитен на Манчестер.
Ова би значело дека Португалецот полека ги губи „конците“ во Јунајтед, и само прашање е кога на „специјалниот“ ќе му биде покажана излезната врата. Но, и резултатите во последно време не се наклонети на менаџерот на „црвените ѓаволи“.
Извор: ТВ21