ФУДБАЛ

Награда за добрите игри: Абрамович го купува напаѓачот од соништата на Сари

Фудбалерите на Челзи оваа сезона ја играат одлично, откако Маурицио Сари седна на клупата на тимот наместо Антонио Конте.

Откако го напушти Наполи, Сари одлучил да ја продолжи својата тренерска кариера во Премиер лигата и не се излажа. Челзи оваа сезона навистина е одличен, но италијанскиот експерт се уште не е задоволен од тоа како функционира неговиот тим, а тоа е особено поврзано со нападот.

Јасно е дека Сари на располагање нема прецизен напаѓач, што му е потребно на Челзи бидејќи Алваро Мората и Оливие Жиру не се покажаа. Тие постигнаа само три гола во тековната сезона, а по напуштањето на Диего Коста, позицијата напаѓач стана критична за Челзи.

Сепак, англиските медиуми објавија дека Роман Абрамович одлучил да го награди Сари за добри резултати, со доведување на големо засилување во јануари. Првата цел на Челзи на почетокот на 2019 година ќе биде Мауро Икарди, а пред клубот е навистина тешка задача.

Икарди има клаузула за откуп од околу 100 милиони фунти и Челзи е подготвен да ја активира. Сепак, аргентинскиот напаѓач свесно вели дека е среќен во Интер и не сака да го напушти клубот. Ако Челзи успее да го убеди Икарди на трансфер, тогаш тоа навистина ќе биде големо засилување за нив.

Исто така, има шпекулации дека Челзи се подготвени еден од сцоите напаѓачи да го напушти во Интер и дека италијанскиот клуб би можел да избере помеѓу Мората и Жиру.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига