ФУДБАЛ

ВИДЕО: Постигна два идентични гола против истиот тим и во истата минута, во седум години разлика

Звучи речиси неверојатно, но сосема е точно.

Рускиот дефанзивец Роман Локтионов, член на тимот на Волгар Астрахан, направи нешто тешко за објаснување на човечкиот ум.

Тој во седум години разлика постигна два исти гола, во истата минута (17), на истиот стадион и против истиот тим, Аланија од Владикавказ.

Разликата меѓу постигнатите голови е седум години, но тие се сосема идентични.

Навистина неверојатно …