Вечерва беше извршена ждрепката за четвртфиналните двојки во Лига Купот на Англија. Најинтересниот дуел ќе биде помеѓу лутите лондонски ривали Арсенал и Тотнем.
Челси ќе игра против Бормут, додека Мидлзборо се среќава со Бартон. Последниот четвртфинален пар ќе биде познат откако ќе се одиграат уште два натпревари од осминафиналето.
Утре Манчестер сити игра против Фулам, а победникот од овој меч ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Лестер и Саутемптон, дуел кој беше одложен поради смртта на претседателот на „лисиците“.
Извор: Sport1