ФУДБАЛ

Марадона итно префрлен во болница

Легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона бил префрлен во болница, откако добил стомачно крварење и морал да оди на ендоскопија за да се утврди проблемот, пишуваат светските медиуми.

Имено, новинарот Хорхе Ријал објави дека Марадона се вратил во Буенос Аирес, кога докторите го откриле проблемот.

Инаку, ова не е првпат Марадона да има проблеми со здравјето бидејќи минатото лето по победата на Аргентина од 2:1 против Нигерија на Светското првенство мораше да добие медицинска помош поради пад на крвниот притисок. Во наредните денови ќе бидат откриени сите детали околу здравствената состојба на Марадона.