РАКОМЕТ

Заев ги прими ракометарите на Вардар: Ќе ги наградиме со 500.000 евра, сакаме клубот да опстане!

Премиерот Зоран Заев, ги прими ракометарите на Вардар, новите европски шампиони во Владата. Тој им вети дека ќе им додели 500.000 евра, и Владата ќе започне со мерки за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, пишува ТВ21.

„Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Затоа, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10157531890947932

И веднаш, уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму.

Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции.“, напиша Заев на својот „Фејсбук“ профил.

Извор: ТВ21

ПОВРЗАНО

Вардар