Иако преодниот рок сеуште не е официјално започнат, Реал Мадрид го направи она што шпанските медиуми го објавија откако Зинедин Зидан се врати на клупата.
Кралевите започнаа комплетен ремонт, а досега се направени четири засилувања.
По доаѓањето на Родриго од Сантос и Диего Милитао од Порто, клубот оваа недела го објави доаѓањето на Лука Јовиќ и Еден Азар.
На Родриго потрошиа 45 милиони евра, Милитао 50, Јовиќ 60 и Азар 100 милиони евра, а цената на Азар може да достигне до 130 милиони евра со бонуси.
Ова значи дека Реал до сега се потрошени вкупно 255 милиони евра, што е највисока цифра што ја имаат одвоено „кралевите“ за засилувања од летото на 2009 година и доаѓањето на Кристијано Роналдо.
Освен најдобриот играч на Реал Мадрид во историјата, тоа лето клубот се засили и со Кака кој беше платен 67 милиони евра, Карим Бензема 35, Чаби Алонсо 34, Раул Албиол 15, Алваро Негредо 5, Естебан Гранеро 4 и Алваро Арбелоа за 4 милиони евра. Тоа значи дека клубот потроши три милиони евра повеќе од ова лето.
Се разбира, се очекува дека до крајот на трансфер периодот Реал дополнително ќе се засилува, а следната цел треба да биде Ериксен кој неодамна изјави дека е подготвен за нови предизвици во кариерата. Ова значи дека рекордот од 2009 година за брзо ќе падне на втората позиција.