Италијанскиот женски фудбалски тим денес ја победи Австралија со 2:1 на Светското првенство.
Интересно, овој натпревар беше многу сличен со машката селекција на овие тимови одиграни пред 13 години на Светското првенство во Германија.
Денешната победа, како и тогаш, беше постигната во 95-та минута, се разбира за Италија.
Сепак, ова не е сè, италијанката која постигна гол за победа во 95-тата минута, Барбара Бонансеа, го прослави голот на ист начин како Тоти во летото 2006 година, што можете да го видите на фотографиите подолу.
Same opponent. Same minute. Same celebration 🇮🇹 pic.twitter.com/YFVgwZZora
— ESPN FC (@ESPNFC) June 9, 2019
Да се потсетиме, Италија тоа лето ја победи Австралија со 1:0 во осмина финале и подоцна стана светски шампион. Ќе видиме дали овој успех ќе се повтори оваа година и со женскиот тим.