ФУДБАЛ

Марсеј во Челзи пронајде замена за Балотели

Според француските медиуми, Марсеј ќе се обиде да го доведе Миши Батшуаји како замена за Марио Балотели.

Во јануари Балотели потпиша договор за шест месеци и се очекува да го напушти ова лето, па менаџерот на клубот започна со потрага по негова замена.

Така, Батшуаји се најде на радарот на Марсеј, а белгискиот играч веќе играше во францускиот клуб од 2014 до 2016 година, по што замина во Челзи за дури 39 милиони евра, но не успеа да го освои своето место, па беше на позајмица.