ФУДБАЛ

Нов потпис во Мадрид

Реал Мадрид денес доби уште еден играч.

Кралевите официјално го потврдија доаѓањето на јапонскиот играч Такефуш Кубo, 18-годишен напаѓач.

Овој млад фудбалер потпиша договор на шест години со Реал, а во следната сезона ќе игра за резервниот тим на Мадридскиот гигант.

Тој е многу интересен играч кој играше за младинскиот тим на Барселона, и секако е неверојатен факт дека тој е еден од “виновниците” за санкции и забрани за трансфери што ги заработи каталонскиот тим во 2014 година.

Кубо беше меѓу момчињата чиј трансфер беше нелегален. Затоа Барселона беше казнета и имаше забрана за трансфери.

Јапонецот заминал од Барселона во 2016 година. Каталонците сакаа да го вратат, но понудата на Реал не можеше да се одбие.

Овој млад фудбалер ќе заработува 1,2 милиони евра по сезона, а за каков талент се работи, доволно е да се каже дека тој го има прекарот “Јапонски Меси”.

Неговиот клуб Токио ќе заработи два милиони евра од овој трансфер.