Брат, исто така и агент на Гонзало Игуаин, тврди дека напаѓачот има желба да ја заврши својата кариера само во еден клуб во Италија.
Јувентус, Игуаин го доведе за рекордни 90 милиони евра од Наполи во 2016 година, а напаѓачот постигна 55 гола во две сезони.
Сепак, со доаѓањето на Кристијано Роналдо, Игуаин мораше да замине, па беше позајмен во Милан, а потоа во Челзи, но не се прослави.
Сега се шпекулира за можен трансфер во Рома на местото на Един Џеко, но очигледно тие се само шпекулации без вистинска основа.
„Јас сум во Буенос Аирес, а Гонзало е тука со неговата сопруга и ќерка на одмор. Сакам да појаснам дека ние не сме разговарале со некој друг, брат ми се уште има договор со Јувентус“, рече Николас Игуаин, додавајќи:
„Гонзало сака да го почитува договорот и затоа планира да остане во Јувентус за уште две години. Неговите настапи во Јуве беа добри и да игра за друг тим во Италија не е ефикасно решение. Не сакам некого да се навреди, но Гонзало во Италија може да игра само за Јувентус“.
„Мислам дека ова би можело да биде година на Гонзало. Тој има толку многу сила и решителност, и сака да ја заврши кариерата во Јувентус“, заклучи неговиот Брат.
Исто така, Николас тврди дека Гонзало не се каел затоа што го напуштил Наполи и дека е премногу рано да се зборува за можно враќање во Аргентина.
„Кога добро ќе ги наполни батериите, тој е подготвен да докаже дека е напаѓач кој може да игра во Јувентус“, тврди Николас.