Познатиот португалски фудбалер Кристијано Роналдо го заврши престојот во луксузното грчко одморалиште Коста Наварино.
Роналдо таму престојуваше од крајот на Лигата на нациите што ја освои со Португалија, а медиумите објавија дека една ноќ го чинеше 8.000 евра.
Сепак, парите за Португалецот не се проблем, и сите добро го знаеме тоа. Сепак, шокантно е да се слушне дека некој троши такви пари на одмор, и кога ќе слушнете колкав е профит што го заработија вработените во одморалиштето, нема да ви се верува.
Роналдо е познат како човек кој не штеди пари, а за квалитетна услуга и почитување на приватноста тој остави неверојатен бакшиш во износ од 20.000 евр, пишува „Corriere dello Sport“.
https://www.instagram.com/p/BzDUCq1gFA1/?utm_source=ig_embed
Роналдо во одморалиштето Коста Наварино минатото лето се одржа состанок со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, пред да влезе во овој тим.