Според информациите од Италија, тројца фудбалери на Интер ги импресионирале челниците на Барселона. Наводно каталонскиот тим ќе се обиде да го „украде“ триото Лутаро Мартинез, Милан Шкриниар и Стефано Сенси.
Првите двајца се фудбалери на Интер, додека Сенси е позајмен од Сасуоло, но Интер планира да го откупи целосно.
Останува да се види дали навистина Барселона ќе испрати понуда и како ќе реагираат челните луѓе на Интер, кој сезонава игра одлично.
Нивната пресметка на „Ноу Камп“ заврши со победа на Барселона преку пресврт со 2:1. Каталонците губеа со 1:0 во првиот дел со голот токму на Лутаро Мартинез. Интер во првите 45 минути беше подобар противник, но вториот дел целосно и припадна на Барселона.