ФУДБАЛ

„За Санчо немаше да има простор во Баерн Минхен“

На Џејдон Санчо не би му било лесно да игра за Баерн Минхен, вели Франк Рибери.

Французинот, кој се пресели во Фиорентина по 12 години престој во Баерн, вели дека на Баерн не му треба 19-годишниот фудбалер на Борусија Дортмунд.

„Санчо е добар играч, но Баерн има доволно играчи на таа позиција“, изјави Рибери за „Спорт Билд“.

„Тие се: Милер, Гнабри, Перишиќ, Коман, Кутињо и Левандовски. Има многу конкуренција. Се надевам дека Санчо може да го потврди доброто од минатата година, но нема да има место за него во составот на Баерн “.