Манчестер јунајтед го бара напаѓачот и на врвот на списокот со желби на „црвените ѓаволи“ е несомнено Марио Манџукиќ.
Хрватот не минува добро со Јувентус, бидејќи нема одиграно ниту еден официјален натпревар откако Сари дојде на клупата. Манџукиќ дури и не тренира си тимот, што го прави сигурно неговото заминување во јануари.
Така, според неодамнешните извештаи од Италија, Јувентус започнал разговори со Јунајтед и го најавил своето барање за Манџукиќ, за што постави цена. Директорите на клубот од Торино бараат 5 милиони евра за ослободување на Хрватот.
Медиумите додаваат и дека Јувентус бара итна продажба, а не заем или некоја друга зделка. „Смешна“ сума за која најверојатно Јунајтед ќе плати.