Норвешкиот супер напаѓач на Салцбург стана мета на поголемите европски клубови.
Ерлинг Халанд е најголемата фудбалска сензација во Европа.
Младиот норвешки напаѓач блеска во дресот на Салцбург и го привлече вниманието на најголемите европски клубови.
Според шпанскиот весник „Марка“, интересот за 19-годишникот покажале двата најголеми клубови на Ла Лига, Реал Мадрид и Барселона.
Халанд има постигнато 7 гола на 4 натпревари во Лигата на шампионите оваа сезона.
Покрај, шпанските гиганти во трката за потпис на Халанд како сериозна конкуренција се споменува и италијанскиот шампион Јувентус.